Најдобриот светски фудбалер Лука Модриќ порача дека ќе игра за репрезентацијата додека може.
Откако Хрватска го освои среброто на Мундијалот во Русија многу ѕвезди се повлекоа, но не и Модриќ кој порача дека се уште има голем мотив кога го носи државниот дрес.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Мора да бидам искрен, јас одлучив со срце. Колку и да зборуваат другите и мислат дека ова беше идеален момент да се опростам од репрезентацијата, јас тоа не го мислам. Уживам да играм за репрезентацијата и ќе бидам тука додека можам.“ – изјави Модриќ за ХРТ.
На Хрватска сега и следува квалификации за ЕУРО, а на Модриќ и друшто сега има останува уште да направат некој голем успех на собирот со најдобрите европски селекции со што ќе стават шлаг на тортата на оваа фантастична генерација.