Дома Фудбал Модриќ се договори со обвинителството: Плати 1 милион за да не оди во затвор!

Модриќ се договори со обвинителството: Плати 1 милион за да не оди во затвор!

Лука Модриќ, како што објавија шпанските медиуми, во текот на денот треба да се појави пред судијата Гонзало Салгадо поради обвинението дека за едно со сопругата Вања исбегнал да плати данок од најмалку 870.728 евра.

Брачната двојка е осоумничена дека во Луксембург формирале фиктивна компанија со цел да избегнат плаќање на данок во Шпанија во 2013 и 2014 година. Корпоративниот данок во Луксембург може да биде намален до еден отсто, додека во Шпанија изнесува 30 отсто, а според сегашните крутериуми може да порасне до 51 отсто.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Шпанските даночници се сомневаат дека износот може да биде и поголем, поради што обвинителството ги истражува сметките на Модриќ во даночниот рај на островот Ман, кој се наоѓа помеѓу Ирска и Велика Британија.

„Ел Мундо“, објави дека Модриќ нема да заврши в затвор бидејќи се спогодил со обвинителството и веќе уплати еден милион евра, што според Шпанците е знак дека сака брзо решавање на случајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов обложувачки скандал: Пакета обвинет дека намерно добивал картони

Фудбалската асоцијација на Англија го обвини играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Па…