Хрватскиот репрезентативец, Лука Модриќ судејќи по се, ќе остане во Реал Мадрид и оваа сезона иако се обиде со сите сили да го напушти клубот во летниот преоден рок.
Модриќ имаше голема желба, кариерата да ја продолжи во Интер со кој беше во контакт, но се пропадна бидејќи Реал Мадрид не сакаше да остане без уште еден важен играч откако замина Кристијано Роналдо. Според пишувањата на шпанските медиуми, Модриќ со сите сили се обиде да го напушти клубот, но на крајот во тоа не успеа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бејн Спортс пренесува дека Модриќ му кажал на својот агент дека контактира со Тотенхем бидејќи нема ништо против да се врати во својот бивши клуб. Меѓутоа, хрватскиот фудбалер се разочара кога дозна дека лондонскиот клуб не е заинтересиран за негово доведување.
Од Тотенхем не сакаа тоа да го коментираат, па само порачаа дека немаат обичај да зборуваат за трансфер шпекулации. Откако не успеа да се врати во Тотенхем овој играч за врска се насочи кон Интер и се чинеше дека се оди како што треба. Сепак, кога во Реал Мадрид дознаа што се подготвува брзо тоа го прекинаа и му порачаа на Модриќ дека нема да го продадат ова лето.