Дома Фудбал Модриќ призна: Ни недостасува Роналдо!

Модриќ призна: Ни недостасува Роналдо!

Најдобриот фудбалер на светот Лука Модриќ ја коментираше слабата сезона на Реал Мадри и го посочи главниот проблем.

Модриќ смета дека најголем проблем на „кралевите“ е слабата реализација во нападот и истакна дека на тимот му недостасува Кристиано Роналдо.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


„Да се најде замена за Кристиано е скоро невозможно. Нормално е дека ни недостасува Роналдо. Тој постигнуваше по 50 гола во сезона. Сега некои фудбалери треба да го подобрат нивото за да ги надоместиме тие голови. Немаме таков фудбалер, но може двајца-тројца да даваат по 15-20 гола. Мислам дека тоа е нашиот најголем проблем оваа сезона. Против Барселона создадовме многу шанси, но не постигнавме гол“, искрен беше Модриќ.

Реал Мадрид утре го пречекува холандски Ајакс во Лигата на шампиони, откако на првиот меч победи со 2:1.

„Клубот има доверба во други фудбалери како Герет, Асенсио, Карим, го доведе Маријано, тука е и Винисиус, кој со оглед на возраста игра одлично. Понекогаш работите не одат онака како што планираш. Единствен пат кон подобрување е напорната работа“, истакна Хрватот.

„Ајакс нема да го промени начинот на игра. Имаат јасни идеи во играта. Немаат што да загуват и сигурно ќе бидат многу опасни“, заклучи Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато до кога ќе игра Роналдо

Кристиано Роналдо иако наскоро ќе наполни 40 години, сепак се уште игра на врвно ниво и не…