Дома Фудбал Лига на шампиони Модриќ признава: Атмосферата во соблекувалната не е најдобра

Модриќ признава: Атмосферата во соблекувалната не е најдобра

Реал Мадрид синоќа ја продлабочи својата резултатска криза со поразот од ЦСКА во Москва со 1:0.

Тоа значи дека кралскиот клуб е без победа веќе три натпревари и поради тоа состојбата во соблекувалната не е на најдобро ниво. На таа тема одлучи да прозбори Лука Модриќ, кој призна дека ситуацијата не е добра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Очајни сме, едноставно не очекувавме овде да загубиме бодови. Во овој момент, атмосферата во соблекувалната не е најдобра. Мора да собереме сила некако да се вратиме за натпреварите кои следат.“ – изјави Модриќ и додаде:

„Загрижувачки е што не можеме да дадеме гол, но ќе го решиме и тоа. Не би рекол дека сме во криза, но дефинитивно не играме на нивото на кое треба.“

Модриќ против ЦСКА во игра влезе во 58. минута, иако беше планирано да не настапи воопшто.

„Тренерот ми рече дека ми е потребен одмор, бидејќи играв три или четири натпревари во низа. Меѓутоа, ситуацијата беше таква што мораше да влезам во игра. Се обидов да и помогнам на екипата.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…