Дома Фудбал Останато Модриќ избран за најдобар и од уште еден реномиран сајт – ова се најдобрите пет!

Модриќ избран за најдобар и од уште еден реномиран сајт – ова се најдобрите пет!

modric

Хрватскиот капитен Лука Модриќ ја освои наградата за најдобар играч и од реномираниот сајт „Goal“.

„Goal 50“ e награда која се доделува секоја година и ги рангира најдобрите 50 играчи во светот. Најдобрите ги бираат уредниците и новинарите на „Goal“ од 42 земји во светот. Како параметри се земаа формата на играчот, како и успесите со клубот и репрезентацијата.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Модриќ така се наоѓа на првата позиција зад него е Кристиано Роналдо, трет е Мохамед Салах, четврти Килијан Мбапе, додека најдобрата петорка ја затвара Меси.

За играчот за врска на Реал Мадрид ова е година од соништата. Ќе потсетиме претходно ги освои наградите за најдобар во Европа од УЕФА, како и од ФИФА, но и беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот во Русија ова лето.

Круна на се би било освојувањето на „Златната топка“ која ја доделува „Франс Фудбал“ за која Модриќ е еден од главните фаворити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан го сака братот од ѕвездата на Интер

Милан покажува сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат ита…