Дома Фудбал Модриќ: Го разбирам Меси и би направил исто како него

Модриќ: Го разбирам Меси и би направил исто како него

Репрезентативците на Хрватска допатуваа во Русија каде за неколку дена започнува Светското првенство.

Хрватите вечерва го одработија првиот тренинг со желба во што подобра форма да го дочекаат почетокот на групната фаза. Еден од најдобрите играчи на оваа екипа Лука Модриќ после тренингот изјави дека го разбира она што Меси го кажа дека ќе го замени секој трофеј освоен во кариерата за оној од Мундијалот.

„Го разбирам она што Меси сакаше да го каже. Сигурно и јас би заменил многу трофеи кои ги освоив со клубовите за успех на Хрватска на СП.“ – изјави Лука.

Хрватска и Аргентина ќе се сретнат во групната фаза, а токму тие се најголеми фаворити за пласман во следната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повторно заедно по 23 години: Матеус на вечера со хероите на Партизан

Лотар Матеус се сретна со Саша Илиќ, Игор Дуљај и Ивица Илиев во Белград, а спомените од и…