Дома Фудбал Многу време помина откако Реал и Барса изгубиле ист ден

Многу време помина откако Реал и Барса изгубиле ист ден

Реал Мадрид и Барселона се двата најдоминантни тима во шпанската Ла Лига и многу ретко губат натпревари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, и големите ѕвезди на Каталонците и Кралевите понекогаш се случи да изгубат, но навистина е реткост тоа да се случи во ист ден.

Токму тоа се случи синоќа. Прво Барселона изгуби на гостувањето кај Леганесе иако водеше со 1:0, а потоа Реал доживеа вистинска катастрофа од Севиља со пораз од 3:0.

Кога последен пат изгубиле Реал и Барса во ист ден? Беше тоа пред скоро четири години, поточно на 4. јануари 2015 година. Барса беше поразена на гостувањето кај Сосиедад, а Реал од Валенсија.

Инаку, нивните синоќешни порази најмногу ги искористи екипата на Атлетико Мадрид, која сега има само два бода помалку на табелата од споменатите ривали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германците тврдат дека зад кулисите на Светското првенство се подготвува голем скандал

Светското првенство наскоро би можело да се најде во центарот на еден од најголемите сканд…