Спортската сала во Битола ќе го носи името на еден од битолските ракометни великани.

На денешната 16-та седница на Советот на Општина Битола, координаторот на советничката група на СДСМ, Методија Илиевски, предложи како точка на дневен ред да се стави и Иницијатива за промена на името на Спортската сала „Младост“ во „Боро Чурлевски“. Истата беше додадена во дневниот ред и едногласно усвоена од страна на битолските советници.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Битолската ракометна легенда, Боро Чурлевски, најголемите свои спортски успеси ги постигна токму во Спортската сала „Младост“. Ракометната кариера ја започна како иргач на „Пелистер“ во 1984, во златните години на тогашниот ракомет, кога „Пелистер“ беше три пати вицешампион на Југославија.
Кариерата ја заврши како тренер на РК „Прилеп“, а почина во 2014 година. Беше миленик на битолската публика, која на секој натпревар го скандираше неговото име.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ФФМ ја одреди цената за влезниците во финалето од Купот на Македонија

Влезници за натпреварот може да се купат по цена од 200 денари преку продажната мрежа на М…