Дома Фудбал Италија Младиот фудбалер на Милан јавно му се извини на Киелини поради фотографијата!

Младиот фудбалер на Милан јавно му се извини на Киелини поради фотографијата!

Младиот фудбалер од школата на Милан, Раул Беланова беше повикан за дербито со Јувентус, па иако не влезе во игра сепак се најде во центарот на вниманието.

Имено, Беланова после натпреварот успеа да стигне до соблекувалната на Јувентус каде што се сликаше со Кристиано Роналдо.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Таа фотографија немаше да привлече толкаво внимание доколку во позадина Киелини не беше – угол гол!

Тоа му направи големи проблеми на Киелини бидејќи фотографијата веднаш стана вирална и се прошири по интернет.

„Му се извинувам на Киелини, немав намера сликата да излезе во јавност, но сепак одговорноста е моја. Само сакав да се сликам со Роналдо и не ја споделив сликата на социјалните мрежи. Сепак, направив грешка што ја споделив со мои блиски пријатели. Се извинувам уште еднаш“, изјави 18-годишниот Беланова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …