Дома Шпанија Младиот Бразилец на Реал доби бизарен црвен картон за резервниот тим и ќе го пропушти „Ел Класико“ (ВИДЕО)

Младиот Бразилец на Реал доби бизарен црвен картон за резервниот тим и ќе го пропушти „Ел Класико“ (ВИДЕО)

Младиот бразилски фудбалер Родриго пред почетокот на оваа сеозна пристигна во Реал Мадрид од Сантос за 45 милиони евра.

Овој 19 годишен офанзивец имаше солидна минутажа во првиот дел од сезоната, но потоа се „изгуби“ во ростерот на „кралевите“. Родриго оваа сезона за Реал одигра 18 натпревари и постигна седум голови.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Меѓутоа во последно време го немаше во екипата на Зинедин Зидан што беше изненадување за многумина. Бразилецот ја одржува формата во резервниот тим на Реал Мадрид.

Родриго требаше да се врати во составот за „Ел Класико“ откако се повреди Азар, но тоа нема да се случи бидејќи доби бизарен црвен картон играјќи за Кастиља.

Тоа се случи во натпреварот против СС Рејес кога Родриго постигна гол после еден соло продор. Откако ја погоди мрежата Бразилецот го провоцираше голманот на противничкиот тим, па поради тоа доби исклучување.

Правилата се такви што еден играч не може да игра за првиот тим ако добие црвен картон во резервната екипа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Шпанија

Проверете

УЕФА ја казни Барселона за натпреварот со ПСЖ

Екипата на Барселона е казнета поради расистичко однесување и други постапки на своите нав…