Дома Македонски спорт Мак фудбал Младинците со убедлива победа му се одмаздија на аутсајдерот Гибралтар

Младинците со убедлива победа му се одмаздија на аутсајдерот Гибралтар

macedonia

Денес македонската млада фудбалска репрезентација со натпреварот против Гибралтар ги заврши квалификациите за Европското првенство 2019 година во Италија.

Македонија денес го победи Гибралтар со 6:1 и така барем му се одмаздивме на атусајдерот кој пред една година не шокираше на гостински терен со победа од 1:0.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најмногу денес се истакна Димитар Митровски кој постигна три погодоци, а по еден постигнуваа Руфати, Ѓорѓев и Здравковски. Македонија одигра одличен натпревар и во текот на целиот натпревар доминиравме, противникот успеа да постигне гол после една наша грешка.

Со оваа победа квалификациите ги завршуваме како претпоследно пласирани со седум освоени бодови, три повеќе од последнопласираниот Гибралтар (единствените бодови ги освои во победата против нас).

Иако останатите натпревари од нашата група се уште не се одиграле, јасно е дека Србија ќе ја освои првата позиција, додека Русија и Австрија се борат за втората.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Судиска анализа: Струга оштетена за пенал во Ѓорче

Во викендот кој е зад нас се играа натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска л…