Дома Македонски спорт Мак баскет Младинците поуспешни во првиот дуел против Романија

Младинците поуспешни во првиот дуел против Романија

Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија триумфираше во првиот од двата контролни дуела со селекцијата на Романија. Македонија победи со 76:65 односно 22:18, 23:23, 18:8 и 13:16.

Избраниците на селекторот Мирко Петрески во четвртиот натпревар ја постигнаа третата победа. Претходно Македонија ги победи соодветните селекции на Косово и на Полска, а загуби еден дуел од Полска.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските кошаркари уште од самиот почеток имаа предност во дуелот, а во вториот дел со смирена игра ја одржуваа предноста.Во нашиот табот, Маслинко беше најпрецизен со 16 поени, Ефремовски постигна 14, а Митев и Робев по 10 поени

Двете селекции утре во терминот од 18 часот во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ ќе одиграат уште еден натпревар. Младинците на Македонија се подготуваат за настап на Европското првенство Б дивизија што нашата селекција ќе го игра од 15. до 23. јули во Орадеа, Романија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…