Дома Фудбал Репрезентации „Ми беше тешко после СП, децата ме спасија од депресија“

„Ми беше тешко после СП, децата ме спасија од депресија“

Фудбалерот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих призна дека по неуспехот на Светското првенство поминувал низ тешки моменти, а само децата го спасиле од депресија.

Германија беше елиминирана уште во групната фаза и тоа секако беше големо разочарување затоа што Германците имаа големи очекувања. Посебно тешко се прифаќаше затоа што и пред четири години во Русија Мундијалот го завршија исто така во групната фаза.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Ми беше многу тешко, но на крајот не паднав во „црна-дупка“, а за тоа се заслужни моите три деца. Со нив имав обврски и морав да правам други работи, па така и не мислев за тоа што ни се случи во Катар“, изјави Кимих кој со Баерн ги одработува зимските подготовки.

Одбранбениот играч за врска не играл од 1. Декември како и поголемиот број германски репрезентативци кои настапуваат во Бундеслигата, па така мотивиран го дочекува продолжението од сезоната.

Баерн е лидер во германскиот шампионат со четири бода предност во однос на Фрајбург и шест повеќе од Лајпциг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Лапорта договорил голем трансфер: Барселона добива засилување од Германија

Сè повеќе се шпекулира дека Барселона веќе го завршила својот прв трансфер за новата сезон…