Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ проговори за ситуацијата на Јовиќ во „кралскиот“ клуб.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Српскиот напаѓач беше донесен од Ајнтрахт за 60 милиони евра, но не ги оправда очекувањата. Тој оваа сезона запиша 24 настапи на кои постигна само 2 гола, па се поизвесно е неговото заминување.
Мијатовиќ смета дека Јовиќ едноставно не е комплетно посветен за да успее во клуб каков што е Реал Мадрид.
„Кога зборувам за Јовиќ, би сакал да зборувам за постигнување на голови, но не е така. Тој е млад, дојде тука после одлична година во Ајнтрахт. Но не видовме многу од него, само некои детали кои се премалку за да се каже дека тој е фудбалер на Реал Мадрид. Изгледа како да не е сто проценти посветен на идејата да биде успешен во Реал Мадрид“, истакна Мијатовиќ и додаде:
„Мора да се пронајде некое решение кое ќе ги задоволи двете страни. Можеби е контрапродуктивно ако остане во Реал“.