Дома Фудбал Останато Мијатовиќ ја знае тајната на Модриќ: Барем уште една година ќе игра на врвно ниво!

Мијатовиќ ја знае тајната на Модриќ: Барем уште една година ќе игра на врвно ниво!

Црногорецот Предраг Мијатовиќ во интервју во радиото „Ел Ларгуеро“ зборуваше за Лука Модриќ за кој имаше само пофални зборови, откако Хрватот потпиша нов договор со Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Модриќ ќе остане во Мадрид барем уште една сезона, а Мијатовиќ ја откри тајната која го држи на врвот.

„По 33. роденден играчите добиваат на тежина, но има и професионалци како Лука. Тие губат на тежина. Во сезоната тргна со 71 кг, а заврши со еден помалку. Тоа е неговата тајна поради која ќе игра на врвот уште најмалку една година. Не сум изненаден што го продолжи договорот“, кажа Мијатовиќ.

Мијатовиќ смета дека нема повеќе дилеми за иднината на Модриќ и смета дека ќе ја заврши кариерата во шпанскиот и европски шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аргентина на колена: Шпанија е нов светски шампион (Видео)

Шпанија ја совлада Аргентина со 1-0 и стана нов светски шампион по 120 минути игра. Како П…