Дома Македонски спорт Мак ракомет Мице Шилегов и Дејан Гошевски нови ракометари на Голден Арт

Мице Шилегов и Дејан Гошевски нови ракометари на Голден Арт

Мице Шилегов и Дејан Гошевски се нови играчи на Голден Арт. Десната страна, на позиција бек и крило во следните две години ќе биде посилна за двајца млади играчи, кои веќе неколку сезони играат во највисок ранг на натпреварување.

23-годишното десно крило Мице Шилегов е играч кој ги помина сите национални селекции, настапувајќи за јуниорската репрезентација на Македонија на ЕП 2016 во Данска и на СП 2017 во Алжир. Својата ракометна кариера ја стартуваше во скопски Металург, а минатата година настапуваше за РК Охрид.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Леворакиот Дејан Гошевски игра на позиција десен бек, а своите ракометни почетоци ги има во локалниот клуб РК Јаков од Македонска Каменица, а преку Металург и Охрид минатата сезона играше за Тиквеш од Кавадарци.

Договорот на Шилегов со тимот од Опшитна Аеродром е на една сезона со можност за продолжување на уште една, додека Гошевски стави потпис на договор со Голден Арт за следните две сезони.

Голден Арт продолжува да го засилува тимот кој изминатава сезона успеа експресно да се врати во елитното натпреварување со македонски играчи, спроведувајќи ја политиката на клубот од неговото создавање во 2019 година.

Ви благодариме на одвоениот простор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

РФМ вети идентични премии за машката и женската репрезентација

На дешената седница на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија се донесе о…