Трансферот на Алексис Санчез во редовите на Манчестер Јунајтед изгледа дека зависи од Хенрик Михтаријан, а доколку можеме да се водиме по изјавата на Ерменецот од пред неколку години овој трансфер ќе се реализира.
Имено, англиските медиуми успеаа да „ископаат“ навистина интересна изјава фудбалерот од 2009 година кога го носеше дресот на Металурх од Доњеск.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Мој омилен тим е Арсенал, ми се допаѓа нивниот стил на игра. Венгер е човек кој верува во младите фудбалер, навистина сакам еден ден да играм за овој клуб“, изјави своевремено Ерменецот.
Сега, Михтаријан има шанса да го облече дресот на „топчиите“, но останаува да видиме дали нешто се променило кај него или се уште Арсенал е неговиот омилен клуб.
Henrikh Mkhitaryan back in 2009: "My favourite team is Arsenal. I like their attacking play and fast style. Arsène Wenger puts faith in young players while demanding results at the same time. I like that and want to play there one day. pic.twitter.com/9Ph9u9eZuQ
— Transfer Related (@TransferRelated) January 17, 2018