Дома Фудбал Италија Михајловиќ доби конкретна понуда, се враќа на местото каде го оствари најголемиот успех..

Михајловиќ доби конкретна понуда, се враќа на местото каде го оствари најголемиот успех..

Синиша Михајловиќ го чека крајот на сезоната и новиот ангажман.

Имено, се споменуваат англиски екипи, но сега повторо во трка е некогашниот клуб, Сампдорија.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Имено, Михајловиќ веќе има понуда од Ферер, претседателот на Доријан да се врати, во случај Џампаоло да го наследи Сари на клупата на Наполи.

Џапаоло направи добри резултати во Џенова, токму како и во Емполи каде исто така дојде како прв кандидат за клупата на Наполи, опции како Конте или Бенитез се нереални.

Српскиот стратег ја предводеше Сампдорија од 2013. до 2015. година по заминувањето од кормилото на Србија, избори пласман во ЛЕ со клубот, подоцна замина во Милан.

За Сампдорија го врзуваат и убави спомени од деновите кога беше фудбалер, со оглед на тоа дека четири сезони го носеше тој дрес.

Инаку, се зборува дека го посакува и Зенит за наследник на Манчини, во Англија фигурираше како кандидат за клупата на ВБА кој испадна од лигата, а порано имаше повик од славниот Лидс кој настапува во Чемпионшип.

Се споменува и како наследник на Сем Алардајс во Евертон, но немаше потврда за тоа дека таму се отпочнати преговори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…