Српскиот тренер Синиша Михајловиќ, кој моментално е без ангажман после отказот во Торино би можел од лето да се пресели во Русија.
Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека Михајловиќ е прв кандидат за кормилото на Зенит како замена за Роберто Манчини.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Манчини на крајот на сезоната ќе го напушти рускиот клуб и ќе ја преземе италијанската репрезентација, а на негово место би можел да седне Михајловиќ.
Србинот наводно веќе започнал преговори со рускиот клуб и двете страни се блиску до договор.
Михајловиќ во клупската кариера до сега работеше само во италијански клубови и тоа Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан и Торино. Притоа, му беше помошник на Манчини во Интер и во еден период ја предодеше српската репрезентација.