Железничар важеше за благ фаворит за место во финалето, но сега Констанца е на чекор до финале. Романците го совладаа Железничар, а Никола Митревски беше играч на натпреварот.
Очајно почна Железничар во нападот и уште не се ни загреаја играчите,а веќе беше 4-0 за романскиот тим. Потоа полека се сопостави ритам, Железничар успеа во еден момент да намали на 5-7, но следеше серија на македонскиот голман Никола Митревски. Тој одбрани пет од следните шест напади, а Констанца поведе со 10-5 пред да биде пркината серија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По ова следеше нов обид на Железничар да се врати во игра, но само делумно успеа во тоа, па на одмор се замина со резултат 9-12.
Во 39 минута беше 15-13 за Констанца, но во 42 минута Железничар за прв пат намали на еден гол (15-16) имаше и контра напад за реми во која три играчи на српскиот тим се сплеткаа, по што Шундовски побара тајм аут.
Потоа стана интересно. Од Вујовиќ и Шундовски очекувавме реакции и ги имаше. Тензијата растеше, но под контрола беа страстите.
На 11 минути до крајот беше нерешено (19-19), Железничар имаше и напад за водство, но сепка, поведе Констанца (20-19), а Никола Митревски со 12 одбрана им даде шанса на своите да поведат со два гола, а ја искористи Николиќ.
Потоа Велко Маркоски блокираше, а на спротивната страна Јанко Кевиќ погоди за 22-19 по што следеше тајм аут за Вујовиќ.
Последниот обид на Железничар заврши со двојна парада на Митревски, овации од публиката за македонскиот голман и 23-20 на минута и пол до крајот.
Конечниот резултат е 24-20 за Констанца