Дома Фудбал Мистериозна порака на Иниеста: Може ли да се врати во Барса!?

Мистериозна порака на Иниеста: Може ли да се врати во Барса!?

Барселона се наоѓа во тешка ситуација откако клубот доживеа катастрофа во Лигата на шампионите.

Каталонците во четвртфиналето од Лигата на шампионите беа поразени од Баерн со 8:2 и тоа е еден од најтешките порази во историјата на клубот.

Во претходните години Барселона доведуваше звучни имиња и скоро и да ја занемарија „Ла Масија“ и очигледно тоа беше грешка. Многумина бараат од претседателот Бартомеу да си поднесе оставка поради лошите порези.

Исто така навивачите се надеваат дека легендите како Чави и Иниеста ќе бидат вратени во клубот.

Мала еуфорија помеѓу навивачите на Барселона предизвика пораката која Иниеста ја остави на социјалните мрежи.

„Одиме заедно да го создадеме најдобриот клуб во светот“, порача Иниеста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…