Дома Фудбал Репрезентации Мислењата поделени – Треба ли Игуаин да се врати во репрезентацијата?

Мислењата поделени – Треба ли Игуаин да се врати во репрезентацијата?

Сампаоли не го повикаше, дали тоа ќе се промени?

Според Лукас Биља, Гонзало Игуаин би требало да има предност во однос на Мауро Икарди.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ако мене прашувате кој е нашата најдобра „деветка“, мојот одговор е Игуаин. Тој заслужува да биде дел од тимот кој ќе патува на Мундијалот“, изјави играчот од средината на Милан.

„Пипита“ во последните години веројатно беше фудбалерот кого аргентинската јавност најмногу го нападна. Тоа и не треба да зачудува, тој пропушти огромни шанси во финалето на Мундијалот против Германија и во финалето на Копа Америка против Чиле и во двата натпревари Аргентина беше поразена.

Бесот на себе Игуаин го навлече бидејќи само неколку дена после овие натпреварot тој уживаше на луксузни јахти во друштво на старлети.

Еден од неговите критичари беше и Габриел Батистута, кој сметаше дкеа Игуаин не игра на исто ниво во клубот и во репрезентацијата.

Интересен е податокот дека Аргентина постигна најмалку погодоци од сите репрезентации во Јужна Америка кои се квалификуваа на Мундијалот во Русија, тие постигнаа 19 на 18 натпревари од нив Лео Меси постигна седум и не само тоа единствена репрезентација која постигна помалку голови од Аргентина беше Боливија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…