Денес со почеток во терминот од 15:00 часот во италијанската Серија А беа одиграни четири натпревари.
Интер и Спалети конечно успеаа да слават во Серија А. „Нероаѕурите“ ја совладаа Болоња со 2:1.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Домаќинот одлично отвори уште во втората минути, Брозовиќ упати топка во петерецот, а Eдер успеа да ја смести во мрежата за предност од 1:0.
Гостите во првиот дел успеаа да стигнат до изедначување. Бразилецот Миранда направи катастрофална грешка, топката стигна до поранешниот играч на Интер, Родриго Паласио кој го совлада Хандановиќ
Голот на одлука го постигна Кармона и тоа на навистина одличен начин со удар од околу 20 метри во 63 минута од средбата. Само пет минути подоцна надежите на Болоња дека може да стигне до бод во овој натпревар беа значително намалени со вториот жолт картон на Мбаје. Во финишот беше исклучен и Масина.
За Интер ова беше прва победа во Серија А, уште од 3 декември кога го совладаа Киево со 5:0.
Во останатите натпревари, Сампдорија ја совлада Верона со 2:0, Торино со истиот резултат беше подобар од Удинезе, додека Киево ја совлада Џенова со 0: