Спортскиот директор на Милан, Масимилиано Мирабели денес го коментираше преодениот рок на „росонерите“.
Мирабели истакна дека се уште не знаак како ќе изгледа нивниот преоден рок, бидјеќи не се знае точниот буџет кој ќе го имаат на располагање.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не размислуваме за ниту едно засилување бидејќи не знаеме со какви ресурси ќе располагаме. Тоа е како кога си гладен и си излезен надвор од дома, го отвораш новчаникот пред да одлучиш што да јадеш, дали сендвич или ќе можеш да отидеш во ресторан на кавијар и шампањ“, изјави Митабели.
Милан доби казна од УЕФА поради нарушување на Финансискиот фер-плеј, па финансиското салдо на продажбите и новите засилувања треба да биде на нула.
„Минатата година сакавме млада база, но оваа година ни требаат искусни засилувања. Но прво мора да знаеме со што располагаме и со што можеме да работиме. Сите што ќе си одат и секој што ќе дојде ќе биде одобрено од Гатузо. Ова ќе биде Гатузов Милан“, додаде Мирабели.