Репрезентацијата на Македонија денес доби тежок ждреб во баражот за Мундијалот во Катар.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во полуфиналето ќе се сретнеме со Италија, додека со евентуален пласман во финалето ќе гостуваме на Италија или Турција. Коментар и свое мислење за ждребот за нашиот сајт даде напаѓачот Бојан Миовски.
„Од 3-групи ни се падна реално најтешката, но тоа е фудбалот ако сакаме да играме на Светско првенство мораме да победиме големи репрезентации. За несреќа вториот натпревар се игра на гости, но што е тука е, прво да се концентрираме на Италија останува да бидеме во добра форма до март и да бидеме сите здрави. Се игра еден натпревар 90 минути и се е можно. Италија е фаворит, но само на хартија, ние имаме одлична репрезентација, одлична атмосфера и мислам дека имаме шанси да победиме“, ни изјави Миовски.
Фото: ФФМ