Новиот прволигаш Брегалница во својот состав доведе уште едно засилување за наредната сезона, денес потврден беше трансферот на бугарскиот репрезентативец, Иван Минчев.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
30 годишниот фудбалер кој настапува во средниот ред во Брегалница пристигнува од редовите на Берое. Претходно го носеше дресот на ЦСКА Софија, Спартак Варна, Монтана и Славија Софија. Може да се пофали и со неколку натпревари за бугарската репрезентација.
Пред Минчев Брегалница се засили со поранешниот македонски репрезентативец Даниел Мојсов и Антонио Азиновиќ.