Мино Раиола се загрева за летниот преоден рок.
Каталонците минатото лето со месеци се обидуваа да го убедат Раиола Марко Верати да се пресели во Шпанија, но на крајот тој остана во ПСЖ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак после само една година „Л’Екип“ пишува дека страните сега се променети. Според најновите информации Мино Раиола ги контактирал челниците на Барселона и на Каталонците им ги понудил услугите на својот клиент, Марко Верати кој е незадоволен од последните случувања во Париз.
Меѓутоа од Барселона веднаш му одговориле дека сега Верти не им е потребен, што секако е и точно.
Барса го доведе Кутињо како замена за Иниеста, додека како засилување од средниот ред на лето ќе пристигне и Артур од Гремио.
Верати наводно сега сака да ја промени средината, но сега тој за Барса не е опција. Покрај пополнетоста во средниот ред Барса изгледа дека полека ја завршува работата околу Антоан Гризман кој би требало да биде големото име во летниот преоден рок.