Дома Фудбал Италија Мино Раиола во „лов“ на нова ѕвезда!

Мино Раиола во „лов“ на нова ѕвезда!

Светскиот познатиот агент, Мино Раиола, полека но сигурно создава дрим тим од ексклузивни фудбалски клиенти.

После трансферот на Марко Верати, трансфер гурото, Мино Раиола нема намера да застане. Следна мета на италијанскиот суперагент е Лоренцо Инсиње кој би требало да стане дел од неговата елтина група на фудбалери.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денешното издание на „Ла Република“ пренесува информација дека Мино Раиола започнал преговори со Лоренцо Инсиње кој во овој момент соработува со агенцијата „Доа Менаџмет“.

Раиола за да ја реализира својата намера го користи влијанието на Енцо Инсиње, братот на фудбалерот на Наполи, кој го убедува Лоренцо да му се придружи на Раиола, а за возврат Раиола ќе се грижи и за кариерата на уште еден Инсиње, 23 годишниот Роберто кој минатата сезона ја помина во Латина.

Лоренцо Инсиње (26) со сегашната менаџерска агенција има договор до летото 2019 година, но „Ла Република“ пренесува дека Раиола е спремен добро да плати само за Инсиње договорот да го раскине веднаш.

Меѓутоа поголем проблем би можел да претставува претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентинс, кој има очајни односи со суперагентот.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се појави изгледот на новиот дрес на Милан, „росонерите“ се враќаат 100 години назад

По неуспешната сезона во италијанскиот и европскиот фудбал, во следната сезона Милан ќе се…