Дома Фудбал Англија Минимано отвори со мајсторија, Маунт изедначи од пенал – Саутемптон го запре „залетаниот“ Челзи! 🎥

Минимано отвори со мајсторија, Маунт изедначи од пенал – Саутемптон го запре „залетаниот“ Челзи! 🎥

Денес во терминот од 13:30 во рамките од 25. коло во Премиер лигата се сретнаа екипите на Саутемптон и Челзи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Саутемптон успеа да ја прекине серијата од пет победи на Челзи и одигра 1:1. Челзи добро го започна натпревар и изгледаше дека има контрола, но тогаш домаќините од првата посериозна прилика дојдоа до предност.

До водство ги доведе Минамино кој после една контра мајсторски се ослободи Азпиликуета и го матираше Менди. Со предност од 1:0 Саутемптон замина на полувреме.

Челзи резултатот успеа да го изедначи во 54. минута кога Мејсон Маунт ја реализираше најстрогата казна. До крајот на мечот видовме уште некоја прилика, меѓутоа резултатот не се промени.

Со ова реми Челзи останува на четвртата позиција со 43 освоени бодови, Лестер и Јунајтед пред него имаат 46, Вест Хем на петтата позиција 42, а Ливерпул е шести со 40. Со тоа што овие екипи допрва ќе ги играат своите натпревари од 25. коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…