Дома Топ вести Минимални, ама сепак победи: Атлетико, Виљареал и Билбао подобри во 30-то коло од Примера

Минимални, ама сепак победи: Атлетико, Виљареал и Билбао подобри во 30-то коло од Примера

Атлетико Мадрид, Виљареал и Атлетик Билбао со победи го отворија 30.коло во Примера, во кое дерби мечот во среда ќе го одиграат Барселона и Севилја.

Атлетико, во малото дерби славеше над Реал Сосиедад 1:0, со голот на левиот бек Фелипе Луис во 28.минута. Тимот на Диего Симеоне се наоѓа од серија во пет победи, а триумфот над Сосиедад можеше да биде и поубедлив, но Фернандо Торес два пати, односно Караско и Кореа не реализираа „мртви шанси“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Бетис во Севилја го пречека тимот на Виљареал и загуби минимално 0:1. Решавачкиот гол го постигна Адријан Лопез во втората минута од судиското надополнување на времето во првото полувреме. Бетис можеше да стигне до еден бод, но ударот на Себаљос во 95.минута заврши во дирекот.

Атлетик Билбао, го искористи поразот на Виљареал и се искачи на шестата позиција на табелата, откако со 2:0 го победи Еспањол. Стрелец на двата гола уште во првото полувреме беше ветеранот Адуриз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…