Дома Фудбал Англија Милнер капитенски предупредува: Немаме повеќе право на грешка!

Милнер капитенски предупредува: Немаме повеќе право на грешка!

Играчот на Ливерпул, Џејмс Милнер изјави дека тимот повеќе нема простор за грешка и дека мора да победат на последните два натпревари доколку сакаат да се пласираат во Лигата на Шампионите.

„Мораме да победиме на последните два натпревари. Многу лошо би се чувствувале доколку ја пропуштиме оваа прилика. Ова е тим кој би требало да биде во ЛШ“, изјави Милнер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата од „Енфилд“ во моментов е трета на табелата во Премиер лигата со 70 бода, има бод повеќе од Манчестер Сити, но и натпревар повеќе. Манчестер Јунајтед е пети со 65 бода, а Арсенал шести со 63.

„Топчиите“ имаат седум бода помалку во однос на Ливерпул, но имаат два натпревари помалку и се голема закана за Ливерпул во борбата за ЛШ.

Ливерпул во последните две кола му гостува на Вест Хем и го пречекува Мидлсброу, додека Арсенал до крајот на сезоната има натпревари против Саутемптон, Стоук, Сандерленд и Евертон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …