Дома Фудбал „Милионерите“ избраа – Питер Бош е новиот тренер!

„Милионерите“ избраа – Питер Бош е новиот тренер!

После разделбата со Томас Тухел, многу имиња се поврзуваа со клупата на Борусија Дортмунд, а денес „милионерите“ и официјацијално ќе го промовираат новиот тренер.

Станува збор за Питер Бош кој минатата сезона го предводеше Ајакс и стигна до финалето во Лига Европа.

Според „Кикер“, Бош се согласил на двегодишен договор и ќе ја води Борусија во Лигата на шампионите претстојната сезона, а воедно ќе се обиде да ја прекине доминацијата на Баерн Минхен во Бундеслигата.

Промоцијата на новиот тренер на Борусија е закажана за денеска во 14.30 часот, кога Бош и официјално ќе потпише договор на две сезони со „милионерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го облече по пораз од Спид, па го запали: Деле Али не го поштеди дресот на Арсенал

Поранешниот ас на Тотенхем загуби во видеоигра и мораше да го облече дресот на големиот ри…