Сергеј Милиниковиќ-Савиќ беше една од нажешките трансфер теми ова лето, но Лацио успеа да одоленее на богатите понуди и го задржа Србинот во своите редови.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милинковиќ-Савиќ сигурно останува во Лацио и наскоро ќе стави потпис на нов договор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Српскиот репрезентативец според новиот договор ќе заработува двојно повеќе. СМС моментално добива 1,5 милиони евра по сезона, а сега клубот ќе му понуди 3 милиони евра годишно плус бонуси.
Сепак, тоа и понатаму е малку во споредба со платата која можат да му ја понудат клубови како Реал Мадрид, ПСЖ и Јувентус, па можеме да очекуваме дека следното лето фудбалерот повторно ќе биде мета на гигантите.
Лацио одолеа на сите понуди кои пристигнаа за СМС, но факт е дека никој од заинтересираните клубови не беше спремен да плати 120 милиони евра за Србинот, колку што бараше италијанскиот клуб.