Дома Фудбал Лига на шампиони Милер: Фудбалот е бизнис, сезонава во ЛШ да покажеме кој ја заслужува „Златната топка“!

Милер: Фудбалот е бизнис, сезонава во ЛШ да покажеме кој ја заслужува „Златната топка“!

Во последните години Баерн Минхен е вистински кошмар за Барселона, а идната среда овие два тима ќе имаат нов дуел.

Баерн Минхен го обезбеди првото место, а Барселона ќе мора да победи ако сака сигурно да оди во нокаут фазата. И во случај на неуспех Барса може во нокаут фазата, но само ако Бенфика не го победи Динамо Киев.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Милер е еден од фудбалерите кои е разочаран од исходот на „Златната топка“.

„Дефинитивно церемонијата на Златната топка беше разочарувачка. Фудбалот станува се повеќе бизнис, па не сум многу изненаден. Се повеќе мислам дека во Бундеслигата има фантастични фудбалери, но нема добра меѓународна промоција“.

„Таквата ситуација е мотивација за нас да ја вратиме титулата од ЛШ во Минхен. На светот треба да му покажеме кој е кој и она што може да го понуди германскиот фудбал. Веќе во среда да докажеме и против Барселона“, порача Милер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…