Искусниот германски фудбалер, Томас Милер призна дека на два пати сакал да го напушти Баерн Минхен, еднаш во 2015 и втор пат во 2019 година.
Напаѓачот повеќе од една деценија е член на Баерн, а сега откри дека во 2015 можел да премине во Манчестер Јунајтед.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Можеби требаше да заминам, но имав уште неколку години од договорот со Баерн и клбуот излезе состав дека не сака да ме продаде под 120 милиони евра“, изјави Милер.
Втор пат можел да замине во 2019 година кога Нико Ковач дојде во клбуот.
„Тогаш не бев стартер, тимот можеше да биде успешен и без мене. Имаше преговори, но на крајот одново останав“, зборуваше Милер.