Maкедонската фудбалска репрезентација овој месец ја очекува два натпревари против Италија на гостински терен и Англија на домашен.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На Италија ќе и гостуваме на 17. ноември во Рим и овој натпревар за Италијанците е и тоа како важен, додека ние веќе ги загубивме шансите за место на континенталниот собир наредната година.
Три дена подоцна ќе бидеме домаќин на лидерот во нашата група Англија од која на „Олд Трафорд“ загубивме со 7:0.
Селекторот Благоја Милевски утре ќе го објави списокот на повикани фудбалери за овие две средби и на него не се очекуваат големи промени во однос на претходните дуели на селекцијата.