Селекторот Благоја Милевски денес го објави списокот на фудбалер за пријателските натпревари со Финска и Азербејџан.
Повторно и на овој собир има проблеми со повредите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Повторно не сме комплетни, но веќе 12-14 месеци сме во таква ситуација. Адеми повторно нема да биде со нас, заработи повреда на задната ложа. Дени Илиев и Чурлинов полека се опоравуваат. Дарко Велковски е во составот, но 14 дена не е во тренажен процес и ќе видиме каква ќе биде ситуацијата. Трајковски е во подобра ситуација и тренира подолго време. Со оглед дека преостануваат уште натпревари, овој список затоа може и да не биде конечен”, вели Милевски.
Илија Несторовски се врати во репрезентацијата.
„Се надевам дека Несторовски ќе го покаже она што го покажуваше во минатото па ќе биде со нас и во иднина. Милан Ристовски и Бојан Миовски во овој момент се во подобра форма” изјави Милевски.
Фото: ФФМ