Дома Македонски спорт Милевски: Револтиран сум што не ни дозволија да се бориме до крај, беше задоволство да се работи со вас!

Милевски: Револтиран сум што не ни дозволија да се бориме до крај, беше задоволство да се работи со вас!

Вчера младинската репрезентација го заврши евроквалификацискиот циклус во кој го освои второто место, но не обезбеди место на Евро 2021 бидејќи УЕФА ги укина баражите.

Селекторот Благоја Милевски денес со отворено писмо им се заблагодари на фудбалерите кои повеќе поради возраста нема да бидат дел од оваа селекција.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Писмото објавено на сајтот на ФФМ ви го пренесуваме во целост:

„Драги наши фудбалери, членови на стручниот штаб, драги луѓе во Фудбалската федерација на Македонија,

Чувствувам потреба да упатам благодарност кон сите што бевте дел од квалификациите за Европското првенство 2021.

Сите Вие имате заслуга за успехот што го направивме. Од срце Ви благодарам.

Кај мене постои и револт и горчина заради начинот на кој нѐ ни дозволија да се бориме и да бидеме заедно до крај, но наша заедничка победа е тоа што сте и одважни и храбри и со квалитет на нивото на најдобрите во Европа. БлаТоа се особини на кои укажував и тоа сте вие.

Од нашиот прв собир во Анталија, па се до последниот натпревар против Црна Гора созреавте како личности и како фудбалери, а според она што го прикажавте на терен, стигнавте на нивото кое го посакував. И не застануваме тука. Имаме време и простор за напредок.

Многу научив и сеуште учам и од вас. Ми беше задоволство да работам со личности и фудбалери како вас. Бидете и остенете луѓе какви што сте. Потрудете се да напредувате како фудбалери.

Би сакал, исто така да упатам благодарност до Фудбалската федерација на Македонија, до претседателот Сејдини, Управниот одбор и службите во федерацијата. Оваа репрезентација ги имаше сите барани услови за работа, а тоа е многу важно за остварување на резултат на ниво на најдобрите во Европа. Посебно се заблагодарувам за трите чартер летови кои ни ги обезбедивте и дадовте придонес да освоиме седум од можните девет бодови на крајот од квалификациите.

Се надевам дека во иднина само ќе ја надоградуваме заедничката соработка.

Ви посакувам добро здравје на сите“,

Благоја Милевски

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…