Дома Македонски спорт Милевски: Првото полувреме со Ерменија треба да ни биде пример како да играме

Милевски: Првото полувреме со Ерменија треба да ни биде пример како да играме

Новиот селектор на Македонија, Благоја Милевски со реми дебитираше на клупата на Македонија. Вчера сениорската репрезентација одигра 0:0 со Ерменија.

Милевски по натпреварот посочи дека првото полувреме од овој натпревар треба да биде пример како да игра селекцијата во иднина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„И честитам на Ерменија за прикажаното, а посебно честитки до моите фудбалери. Првото полувреме треба да ни биде пример како треба да играме во иднина. Во второто имавме посед, но ни недостасуваше тој завршен пас. Ништо не згрешивме, но не е лесно да победите еден така цврст и организиран противник. Имавме проблеми во транзицијата, меѓутоа кога се ќе се собере задоволен сум од тоа како изгледавме“, изјави Милевски.

„Освен што ни недостасуваше тој завшен пас, од останатото сум задоволен. Задоволен сум од тактичката дисциплина, затоа што после два тренинзи момзите покажаа високо ниво на професионализам. Сега одиме за Исланд и ќе имаме само еден тренинг, кратко е времето. Ќе направиме анализа и ќе се обидеме да поправиме некои работи од овој меч“, порача селекторот.

Фото: ФФМ/Петр Стојановски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…