Дома Македонски спорт Милевски: По примениот гол не се ни соменавав дека ќе направиме се да се вратиме

Милевски: По примениот гол не се ни соменавав дека ќе направиме се да се вратиме

Македонската фудбалска репрезентација денес го победи Исланд и обезбеди бараж за Мундијалот во Катар.

Селекторот Благоја Милевски по натпреварот се заблагодари и на Игор Ангеловски кој го започна овој циклус.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Сакам да се заблагодарам на сите кои беа тука претходно. Пред се на мојот претходник кој го започна овој циклус, како и на дел од репрезентативците што не се денес тука, сите сме заслужни. Нормално дека го очекував, ако не очекував успех не би бил тука“.

Против Исланд денес постигнавме брз гол.

„Македонија во претходните натпревари дома не постигнуваше многу голови, но имавме многу шанси. Денес тој брз гол секако влијаеше и ни ја олесни работата., но ние не паднавме ниту во еден момент, ниту кога стигнаа до изедначување. Исланд е квалитетна репрезентација и бевме свесни што не очекува. По примениот гол не се ни сомневав дека ќе направиме се за да се вратиме. Знаевме што ни се случи во Рејкавиќ, меѓутоа многу работевме на тој психолошки момент и мислам во иднина такво нешто нема да ни се повтори“.

Репрезентацијата се уште не изгледа онака како што Милевски посакува.

„Не сме стигнале до нивото кое јас го посакувам затоа што знам дека овие момци имаат потенцијал уште да напредуваат. Верувам дека во претходните натпревари веќе се забележа дека играме како екипа, простор за напредок секако има“.

Милевски смета дека ефикасноста во последните два натпревари воопшто не е проблем.

„Не е мала работа на репрезентација како Исланд со играта која ја прикажува да му дадеш три гола. Не можам да барам повеќе од момците. Ефикасноста не е само до напаѓачите, да стигнеш до гол треба добро да се заврши работата и претходно, денес и против Ерменија се функционираше одлично“, изјави Милевски.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…