Дома Македонски спорт Мак фудбал Милевски потврди: Овие 17 фудбалери сигурно патуваат на ЕП

Милевски потврди: Овие 17 фудбалери сигурно патуваат на ЕП

Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, го објави нецелосниот список на играчи кои ќе патуваат на Европското првенство во Полска.

Седумнаесетте фудбалери на кои смета Милевски се оние кои го изнесоа најголемиот товар во квалификацискиот циклус преку кој беше остварен најголемиот успех во историјата на македонскиот фудбал, Пласман на Европското првенство за играчи до 21 година.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Овие 17 фудбалери дадоа голем придонес на остварувањето на историскиот резултат. Мое е да го испочитувам она што тие го дадоа за националниот тим, тие сигурно ќе бидат на ЕП. Списокот ќе биде дополнет со играчи од генерацијата 1996/1997“, рече на пресконференцијата Милевски.

Македонија во Полска ќе игра против Шпанија, Португалија и Србија, а Милевски комплетниот список ќе го објави на 4-ти јуни.

Голмани: Алексовски, Шишковски
Одбрана: Зајков, Велковски, Муслиу, Мурати, Бејтулаи, Демири
Среден ред: Николов, Барди, Давид Бабунски, Аврамовски
Радески, Ангелов, Ѓорѓев, Пивковски, Маркоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски пресреќен: Чест ми е што сум во тимот на сезоната во Шкотска!

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски доби место во идеалниот тим на Премиер лига…