Дома Македонски спорт Милевски: Овој натпревар со Романија е многу поразличен од претходниот

Милевски: Овој натпревар со Романија е многу поразличен од претходниот

Пред утрешниот натпревар со Романија денес прес-конференција за медиумите одржа селекторот Благоја Милевски.

„Романија е сериозна екипа, составена од квалитетни поедници, овој натпревар доаѓа во добар момент за нив. Посебно не се плашиме од никој играч, сконцентрираме сме на нашата игра и тоа како треба да изгледаме на теренот“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За селекторот ова е многу поинаков натпревар во однос на првиот кој го загубивме на гостински терен под водство на Игор Ангеловски.

„Во однос на првиот натпревар во Романија каде што изгубивме со 3:2 сега се наоѓаме во еден многу поинаков момент, на почеток на еден проект. Со она што го видов до сега сум сосема задоволен и верувам дека не очекува многу поразличен натпревар. Не би се сложил дека ова е најважниот натпревар, до крај има уште повеќе натпревари, но од овој резултат квалификациите можат да отидат во една друга насока“.

Во овој момент добро е што немаме проблеми со повредите.

„Во овој момент сите се здрави и се надевам дека така ќе остане и после официјалниот тренинг и сите ќе може да конкурираат за натпреварот“, изјави Милевски.

Натпреварот со Романија го играме утре на домашен терен од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…