Македонската репрезентација утре ќе го игра дуелот против Лихтенштајн во квалификациите за Светското првенство.
Селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција уште еднаш напомена дека Лихтенштајн е квалитетна репрезентација која треба да ја сфатиме максимално сериозно.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Не чувствувам притисок, од фаворитската улога не бегаме. Задоволен сум од она што го видов на тренинзите и очекуваме таа улога и да ја оправдаме. Сите што имаа ситни повреди се под знак прашалник, но се надеваме дека ќе бидат спремни за утрешниот натпревар. Секако дека би бил задоволен со три бода, за тоа ќе треба да бидеме на нивото на нашиот квалитет“.
Еден од нашите најважни играчи, Енис Барди ќе го порпушти овој натпревар поради повреда.
„Енис Барди фали на овој тим, сепак сите останати и играчот кој ќе го замени верувам дека ќе биде на потребното ниво. Дали ќе го замени Ердал Ракип останува да видиме со тие ситни повреди, утре ќе одлучиме кои 11 ќе го почнат натпреварот“.
„За сите тактички варијанти не би зборувал сега, Лихтенштајн на сите натпревари покажа дека се работи за цврста екипа со тактичка дисциплина. Ќе треба да бидеме на највисокото ниво за да оствариме позитивен резултат“.
Натпреварот со Лихтенштајн е закажан за утре во 20:45 часот.
Фото: ФФМ