Дома Македонски спорт Милевски: Не чувствувам притисок, позитивната критика секогаш е добредојдена

Милевски: Не чувствувам притисок, позитивната критика секогаш е добредојдена

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва одигра 1:1 против Италија на домашен терен и и тоа во првиот натпревар по дебаклот против Англија од 7:0.

Селекторот Благоја Милевски, секако беше задоволен од играта која ја прикажаа нашите фудбалери.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Морам да бидам задоволен од она што денес го покажаа момците, имаа желба да го потврдат својот квалитет кој никогаш не беше доведен во прашање. Жал ми е што одигравме нешто послабо во првото полувреме, во второто полувреме прикажавме игра токму онаква каква што замисливме.

„Критиката е секогаш добредојдена ако е со добра намера, јас позитивно гледам на сите критики. На мене и на сите нас е да бидеме подобри во секој следен натпревар. Задоволен сум од момците кои беа првпат со нас собир, се што се бараше од нив го пренесоа на најдобар начин. Станува збор за одлични играчи, а нивниот квалитет секако е добредојден во репрезентацијата. Не чувствувам никаков притисок, јас сум професионалец, работам посветено и секогаш ќе биде така. Некогаш е добро да имате притисок, значи дека вредите. Кога очекувате од некого добар резултат, значи сметате дека тој тоа може да го направи“, изјави Милевски.

Милевски уште еднаш повтори дека во овој циклус фудбалерите биле многу подобро физички спремни.

„За овој ФИФА прозорец и претходно кажав дека не се грижам за разлика од јунскиот, фудбалерите сега дојдоа во добра форма, со започнати подготовки и спремни за натпревари. Кога играте со вакви противници во групата секогаш мора да сте на највисоко ниво и физички и ментално, ако сакате да постигнете резултат“.

Лучијано Спалети дебитираше на клупата на Италија, па затоа Милевски и стручниот штаб мораше да ја анализира играта на Наполи од минатата сезона.

„Спалети го анализиравме со неговите натпревари во Наполи, но не целосно, затоа што во репрезентацијата има други играчи. Сепак филозофијата е таа, а мислам дека за сите тренери е најдобро кога имате голем ростер на фудбалери. За жал ние немаме преголем избор, но имам прекрасни момци, прекрасни карактери, се е подобро кога фудбалерите се повеќе физички спремни“, одговори селекторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Италијанците го откриле новиот клуб на Димитријевиќ: Потпишува на три години!?

Во текот вчерашниот ден се појави информација дека два италијански и турски гигант покажув…