Пред неколку дена во српските медиуми се појави вест дека селекторот на Македонија Благоја Милевски може да седне на клупата на Црвена Звезда.
Милевски за српски „Максбет“ ги коментираше ваквите гласини и порача дека засега нема ништо такво нешто.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Звезда ми е во срцето, во тој клуб поминав пет години и се е отворено кога станува збор за Ц. Звезда. Но, досега не сум имал никакви разговори, меѓутоа како што кажав црвено-белите се мој клуб и не би било изненадувачки“, изјави Милевски.
Фото: ФФМ