Дома Македонски спорт Мак фудбал Милевски: Не сме случајно тука, ќе направиме се за да победиме

Милевски: Не сме случајно тука, ќе направиме се за да победиме

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски на денешната пресконференција изјави дека нашата репрезентација не е на нивото на Италија, но ќе направиме се за да победиме.

Милевски истакна дека Македонија не стигнала случајно до баражот и им порача на фудбалерите да уживаат на теренот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Подготвени сме, не сме тука случајно и очекуваме да прикажеме одличен настап. Се уште не сме на нивото на Италија, но ќе направиме се што можеме утре за да бидеме подобри. Сметам дека сме физички подготвени и за подолг натпревар од 90 минути, а сите фудбалери се чувствуваат добро“.

„Ќе им кажам на моите играчи да излезат на теренот и да уживаат. Атмосферата е одлична, ќе го дадеме максимумот да направиме позитивен резултат“, изјави Милевски, кој потврди дека нема дилеми околу составот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…