Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски на пресконференцијата пред мечот со Гибралтар истакна дека репрезентативците мора да бидат на нивото кое се очекува од нив.
„Наша обврска е да бидеме на нивото и да го даваме максимумот. Мора да се стават сите во функција на тимот и да бидат на нивото кое се очекува код нас. Имаме почит кон секој противник, тоа се однесува и на утрешниот натпревар. Ние бевме доминантни на претходните натпревари, но мора да бидеме многу повеќе конкретни во завршната фаза“, истакна Милевски.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Александар Трајковски нема да биде во комбинација поради повреда, Елмас е под знак прашалник, имаме неколку играчи кои исто така се неизвесни за настап поради настинка. Голем број од играчите поради распоредот се исцрпени. Искрено, во кој состав ќе истрчаме на терен, ќе мора да почекаме сите заедно да видиме кој ќе биде подготвен. Сите фудбалери конкурираат за настап, што се однесува до Етеми, тој може да дебитира на овој дуел“, додаде селекторот.
Фото: ФФМ