Дома Фудбал Репрезентации Милевски: Задоволство е да се работи со вакви момци, Македонија е мала држава со големо срце!

Милевски: Задоволство е да се работи со вакви момци, Македонија е мала држава со големо срце!

Благоја Милевски вечерва приреди чудо со своите момци и ја победи Италија во Палермо со 0:1 со голот на Александар Трајковски во 93. Минута.

„Македонија е мала држава, но со големо срце и силен менталитет. Овие момци тоа најдобро го покажаа вечерва. Што можам да кажам после една ваква победа – задоволство е да се работи со вакви момци. Голема благодарност до сите. Благодарам и на роденденските честитки, а оваа победа е најголемиот роденденски подарок. Ме радува што Трајковски кој е тука како дома го постигна победничкиот гол“, изјави Милевски

Натпреварот помеѓу Португалија и Македонија се игра на 29-ти во Порто.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шпанците откриваат: Судијата од Атлетико – Реал Мадрид пред суспензија!

Контроверзите од мадридското дерби меѓу Атлетико и Реал Мадрид продолжуваат и по завршувањ…