Македонската фудбалска репрезентација денес ги доби репрезентациите во Лигата на нации.
Македонија ќе ги одмери силите со Бугарија, Грузија и Гибралтар, а селекторот Милевски вели дека групата е тешка и не очекуваат сериозни натпревари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Групата е тешка, но во денешниот фудбал нема лесен противник. Не очекуваат сериозни натпревари. Грузија е репрезентација против која одигравме неизвесни натпревари во последниот период. Бугарија одигра реми против европскиот шампион Италија. Гибралтар се разбира дека не е истата селекција од првото издание на Лига на нации кога се соочивме во иста група. Македонија мора да биде на највисоко ниво на секој натпревар и максимално залагање“, изјави Милевски.
Фото: ФФМ